Синот на Кристијано Роналдо, младиот Јуниор игра младински фудбал во екипата на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Кристијано Јуниор го следеше својот татко во сите клубови каде што тој играше, па така е и сега.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради својот славен татко веројатно нема дете во лигата кое не го познава, па така привлекува посебно внимание. Но, со тоа доаѓаат и ситуации во кои некогаш добива провокации.
Сега на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како противнички играч го провоцира, но младиот Португалец очигледно знае како да се носи со ваквите моменти и се обиде да го игнорира.
جونيور مع احد اللاعبين 😨🔥! pic.twitter.com/UDTRv72mO1
— بيان النصر (@ByanNassr) December 23, 2023