Дома Останати Тенис Синер и Алкараз сигурни, но но и едно изненадување на турнирот во Шангај

Синер и Алкараз сигурни, но но и едно изненадување на турнирот во Шангај

Во центарот на тениската јавност во овој период се случувањата на турнирот во Шангај каде што победи забележаа фаворитите, Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Алкараз прв излезе на теренот и го совлада домашниот тенисер Јунченг Шанг, додека Синер беше подобар од Таро Даниел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанецот го доби дуелот со Шанг со двапати со по 6:2, додека Синер исто така немаше проблеми против ривалот од Јапонија и славеше со 6:1 и 6:4.

Изненадување во првите мечеви приреди Јакуб Меншик кој беше подобар од шестиот носител Андреј Рубљов со 2:1 во сетови.

Во следната рунда Синер ќе игра против Аргентинецот Ечвери, а Алкараз ќе излезе на теренот против Кинезот Ву.

Новак Ѓоковиќ својот меч го игра денеска во терминот од 12:30 часот против Американеџот Микелсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус Вилијамс се враќа на Австралија опен после пет години

Седумкратната гренд слем шампионка во сингл, американската тенисерка Венус Вилијамс доби с…