Арсенал моментално игра на гостински терен против Ливерпул, во дербито на колото во ПЛ, но засега ништо не им оди од рака на „Топчиите“, со оглед на тоа дека екипата на Венгер на полувреме губи со 2:0.
Она што навивачите на Арсенал ги разлути повеќе од резултатот е првата постава која Венгер ја одбра за средбата со Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, францускиот стратег од екипата ги изостави двете засилувања на тимот, Александар Лаказет и Сеад Колашинац, додека свое место во стартниот состав имаа Роб Холдинг и Дани Велбек.
Своето незаодовлството, фановите брзо го проструија низ социјалните мрежи.
„Каков виц. Требаше само да го предадеме мечот; Буквално веќе ми е мака; Велбек стартува наместо Лаказет?; Се откажувам од тимот; Кога ни се потребни погодоци, Венгер изостава напаѓач вреден 50 милиони фунти; Се колнам ова само Венгер може да го направи“, гласат многубројните коментари на фановите на лондонскиот тим.