Фудбалерот Мартин Јанушев кој денес околу 18:00 часот беше застрелан во близина на локал во Аеродром починал, соопштија од Министерството за здраство.
Според последните информации докторите нешто помалку од еден час се бореле за неговиот живот, но немало успех, по што беше констатирана смрт.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јанушев во болницата „Св.Наум Охридски“ бил донесен без знаци на живот.
Инцидентот се случил пред локалот „Ред кафе“ во скопски Аеродром. Фудбалерот бил погодоен со пет куршуми во пределот на главата и вратот.
Во овој момент нема информации за напаѓачите кои сеуште се во бегство.