Aртуро Видал кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, каде што пристигнува од Баерн Минхен, а светските медиуми не заборавија да потсетат што Видал зборуваше за Лионел Меси.
Видал и Меси добро се познаваат, играа повеќе натпревари еден против друг, како на клупски така и на репрезентативен и не е баш дека се добри пријатели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако во мај 2017 година ФИФА ја прифати жалбата и ја укина суспензијата на Меси во светот се појавија бројни реакции, а помеѓу првите беше Видал.
„Би сакал правилата да бидат исти за сите. Оваа одлука секако е добра за Аргентина. Секако е убаво да се гледа како Меси игра за националниот тим, но јас само кажувам дека правилата би требало да бидат исти за сите“, изјави тогаш Видал.
Но, има и уште една.
„Дали се плашам јас од него или тој од мене? Не се плашам, но морате да го прашате дали тој се плаши од мене. Го победив повеќе пати до сега и кога би се сретнале повторно би го победил. На теренот сите сме еднакви“, зборуваше Чилеанецот.