Дома Видео Се појави ново видео: Квардадо сакал да го „нокаутира“ Хандановиќ!?

Се појави ново видео: Квардадо сакал да го „нокаутира“ Хандановиќ!?

Вчерашниот прв натпрвеар од Купот на Италија помеѓу Интер и Јувентус помина со големи инциденти во самата завршница, а исклучувања заработија Лукаку, Хандановиќ и Квардадо.

Исклучувањата Квардадо и Хандановиќ ги добија поради жестокиот конфликт кој го имаа, двајцата беа блиску до физичка пресметка. Камерите покажале дека Квардадо сакал да го „нокаутира“ голманот на Интер, па Колубмиецот би можел да заработи сериозна суспензија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дисциплинската комисија во Италија отвори истрага за се што се случуваше, а наводно Квардадо би можел да заработи и суспензија до крајот на сезоната.

Натпреварот помеѓу големите ривали заврши без победник (1:1), а патникот во финалето ќе се решава на 26-ти април кога двете екипи ќе се сретнат на „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…