Дома Фудбал Репрезентации Се појави нова идеја: Бразил и Аргентина да играат во Лигата на Нации?!

Се појави нова идеја: Бразил и Аргентина да играат во Лигата на Нации?!

Во последниот период многу се коментира за можни промени во светскиот фудбал, а позната и „војната“ меѓу ФИФА и УЕФА околу планираното Светското првенство на две години од страна на ФИФА. Сега нова идеја имаат челниците на европската куќа на фудбалот.

Италијанската „Газета“ објави дека УЕФА размислува да ги покани Бразил и Аргентина да играат во Лигата на Нации како најголеми репрезентации од Јужна Америка. Ова би било дел од соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ, двете конфедерации кои остро се спротиставуваат за идејата на Мундијал на две години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Планот е Бразил и Аргентина да бидат дел од завршницата на фајнлфор турнриот, каде што би имало две групи по три селекции и по две селекции би обезбедиле полуфинале. Сепак, има и друга опција, тоа е да бидат дел од групната фаза. Тоа и не би било толкав проблем затоа што скоро сите репрезентативци и на двете селекции играат во Европа, па лесно би се собрале, дури голем дел од нив би имале пократки патувања. Единственото нешто кое ќе треба да се реши е што терминот се поклопува со мунидјалските квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…