Дома Фудбал Англија Се пензионираше голманот кој во Премиер лигата постигна гол од 100 метри (ВИДЕО)

Се пензионираше голманот кој во Премиер лигата постигна гол од 100 метри (ВИДЕО)

Американскиот голман Тим Хауард одлучи на 40 години да стави крај на кариерата.

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Евертон од 2016 година настапуваше за Колардо, а на почетокот на годината го најави своето заминување, сега тоа и го потврди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хауард најмногу настапи собра во дресот на Евертон – вкупно 413, а за Јунајтед бранеше на 77 натпревари.

Сепак со тимот од „Олд Трафорд“ освои повеќе трофеи, по еднаш го освои ФА Купот, Лига Купот и Суперкупот на Англија.

За репрезентацијата на САД дебитираше во 2002 година, а од тогаш запиша 121 настап и два пати успеа да го освои Голд Купот.

Помеѓу другото Хауард ќе остане запаметен по неверојатниот гол во натпреварот против Болтон кога од својот шеснаесетник успеа да го совлада својот колега на спротивната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…