Ла Лига се спремаше за враќање, Барселона тренираше денес откако вчера ги направија тестирањата, Реал Мадрид пак денес ги тестираше своите фудбалери, а утре би требало да го одработи првиот тренинг. Сепак сега се појави проблем – бекот на Атлетико, Ренан Лоди е позитивен на коронавирус!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според одредени информации Бразилецот и претходно имал симптоми на Ковид-19, но не се тестирал. Сепак, тоа мораше да го направи пред собирот во Атлетико и неговиот тест се покажал како позитивен.
Фудбалерот кој оваа сезона одигра 22 натпревари за Атлетико наредните десет дена ќе мора да ги помине во карантин. Тогаш ќе му биде направен нов тест и во случај да биде негативен ќе може да им се приклучи на соиграчите.
Лоди сезонава посебно се истакна во натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.