Како што пренесуваат најпознатите италијански медиуми, трансферот на Пол Погба во Јувентус е завршена работа.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед денес потврди дека Погба го напушта клубот после шест години како слободен агент.




Јувентус му понуди на Французинот тригодишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона плус 2 милиони евра како бонуси. Французинот ја прифати понудата и повторно ќе го облече црно-белиот дрес.




Погба играше во Јувентус од 2012 до 2016 година, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација, а неговото враќање во Торино треба да биде официјализирано во следните денови.