Играчите на Барселона изгледа веќе ја изгубиле довербата во Сетиен.
Искусниот стратег го замени Ернесто Валверде пред само два месеци на клупата на актуелниот шампион на Шпанија, но играта на Барселона не е баш најдобра и не се гледаат некои промени на подобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонското радио тврди дека играчите на Барселона се против Сетиен и сметаат дека тој не е дораснат да биде тренер на клуб каков што е Барселона.
Сетиен не донесе нешто премногу добро. Клубот изгуби во дербито од Реал и тоа им беше трет пораз на шест гостувања од превземањето на екипата од страна на овој тренер. Исто така испаднаа од шпанскиот куп, а екипата не блескаше ниту против Наполи (1:1), па може да се случи и да бидат елиминирани од најелитното европско натпреварување.
Проблем е и помошникот Едер Сарабија кој со својот карактер и избувливост ги лути фудбалерите. Ако овие информации се точни изгледа нема уште долго да го гледаме Сетиен на клупата.
? El vestidor del Barça s'està distanciant de Quique Setién i el seu cos tècnic? El @ClubMitjanit explica que alguns jugadors "no hi confien" per portar un equip d'aquestes dimensions https://t.co/JuClwBeE44 pic.twitter.com/vXZeR6cFHW
— Catalunya Ràdio (@CatalunyaRadio) March 4, 2020