Дома Трансфер зона Серхио Рамос на Инстаграм го заследи големото засилување за Реал?

Серхио Рамос на Инстаграм го заследи големото засилување за Реал?

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го заследи играчот на Инстаграм и ги воодушеви навивачите на Кралевите.

Имено, Рамос го заследи Еден Азар, што нормално го забележија медиумите во Шпанија, кои сметаат дека сепак тоа може нешто да значи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се очекува Реал на лето да го донесе Белгијанецот, особено сега откако Реал и Азар имаа лоши сезони, а овој потег на Рамос дополнително ги загреа гласините.

Азар призна дека сака да игра во ЛШ наредната сезона, но шансите Челси да заигра во најелитното фудбалско натпреварување не се многу големи, бидејќи за ривали ги има Арсенал и Јунајтед, а до крајот има уште две кола.

Што и да се случи, Азар сепак е поблиску до преселба во Мадрид, иако тој сам не сака да потврди дека тоа ќе се случи, туку упорно тврди дека не знае ништо во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е за директор: Јирген Клоп на голема врата се враќа на тренерската работа?

Јирген Клоп на крајот од минатата сезона го напушти Ливерпул и стана директор во РБ Лајпци…