Серхио Рамос цело лето беше без клуб бидејќи му истече договорот со ПСЖ, но сега, судејќи според тврдењата на шпанските медиуми, тој конечно најде нов клуб.
Долго време се шпекулира каде Рамос ќе ја продолжи кариерата. Сакаше да се врати во Севиља, но тие не го сакаа таму, се шпекулираше за враќање во Реал Мадрид по повредата на Едер Милитао, но и за заминување во Интер Мајами со Лионел Меси.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Во последните неколку дена се активираше и приказната за заминување во Турција и да премине во редовите на големиот Галатасарај, но се чини дека на крајот изборот падна на Саудиска Арабија!
Се чини дека Рамос не остана имун на повикот на арапските милиони. Му понудија годишна плата од 15 милиони евра, а на Блискиот Исток ќе игра со поранешниот соиграч и голем пријател Карим Бензема.
Бензема уште во јуни потпиша за Ал Итихад, актуелниот шампион на Саудиска Арабија, а потоа дојдоа Н’Голо Канте, Јота од Селтик и поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Фабињо.
Скај Спортс тврди дека веќе има договор помеѓу Рамос и Ал Итихад. Тешко дека некој би можел да му понуди толкава плата на Рамос, па клубот на Бензема без проблем го убеди Шпанецот во неговото доаѓање.
Славниот 37-годишник мина само две сезони во Париз, а претходно 16 години играше во Мадрид. Со Реал освои четири трофеи во Лигата на шампионите и пет титули во шпанското првенство, а еден од најголемите успеси во кариерата беше освојувањето на Светското првенство во 2010 година со шпанската репрезентација.
Што се однесува до неговата авантура во Париз, тој освои две шампионски титули на Франција и Суперкупот на Франција. Како играч на Севиља немаше трофеи, а дали ќе може да освои некој трофеј на Блискиот Исток останува да видиме.