Aмериканската тенисерка Серена Вилијамс смета дека постојат двојни стандарди кога во прашање се казнувањата на играчите поради постапките на теренот.
Неодамна Александар Зверев беше дисквалификуван од турнирот во Акапулко затоа што неколку пати го удри рекетот во судиското столче. АТП потоа го казни Германецот со одземање на паричната награда и освоените бодови, третиот тенисер мораше да плати и 40.000 долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тука се беше завршено. Зверев веќе овој викенд се врати на терен во Дејвис Купот.
„Постојат двојни стандарди. Ако јас го направев истото што и Зверев веројатно сега ќе бев во затвор, не се шегувам“, порача Серена.
Ќе потсетиме Американката последниот меч го одигра на Вимблдон минатата година кога се повреди во првото коло. Се уште не е познато кога ќе се врати на натпреварите.