Дома Фудбал „Сенаторите“ добиле јасна порака од Барселона: Ако не заминете ќе седите на клупа

„Сенаторите“ добиле јасна порака од Барселона: Ако не заминете ќе седите на клупа

Барселона ја загуби титулата во Шпанија од Реал Мадрид, а потоа беа посрамотени од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампиони со 2-8.

Раководството на каталонскиот гигант веднаш реагираше и ги промени тренерот Кике Сетиен и техничкиот директор Ерик Абидал, па за нов стратег беше поставен Роналд Куман, а сега следат промени и меѓу играчите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Барселона веќе реши да ги постави ѕвездите на трансфер-листата, а таму се Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Жерар Пике, а според медиумите, тие добиле јасна порака.

Ако не бидат продадени во текот на летниот преоден рок, тогаш ќе се преселат на клупата за следната сезона, а тоа сигурно ќе биде удар за нив бидејќи беа навикнати да играат во првиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По Де Брујне, „Граѓаните“ се откажуваат од уште една легенда!?

На крајот од сезоната му истекува договорот, а нова соработка, според Британците, нема да …