Дома Фудбал Останато Селекторот на Чиле: Борусија го сака Видал ама може да се врати и во Италија

Селекторот на Чиле: Борусија го сака Видал ама може да се врати и во Италија

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал би можел ова лето да се врати во Бунедслигата.

Во Барселона Видал веќе некое време не е среќен и многу се шпекулира за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако можеме да му веруваме на селекторот на Чиле, Реиналдо Руеди Видал може да се врати во Бундес лигата, но не во Баерн Минхен туку во Борусија Дортмунд која според зборовите на Руеди е многу заинтересирана за него.

„Дортмунд е многу заинтересиран за него. Но, засега нема ништо конкретно и треба да се биде трпелив со конечната одлука“.

Исто така додаде дека постои можност да се врати во Италија.

„Колку што јас знам би можел да се врати и во Италија“.

Ќе потсетиме договорот на Видал со Барселона важи до летото наредната година и ова лето ќе биде последна прилика за Барселона да заработи од неговото заминување бидејќи не се очекува да потпише нов договор.

Кога е Италија во прашање Видал најмногу се поврзуваше со Интер каде што би соработувал со поранешниот тренер од Јувентус, Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…