Дома Фудбал Англија „Седмицата“ на Роналдо руши рекорди во Премиер лигата

„Седмицата“ на Роналдо руши рекорди во Премиер лигата

Кристиано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а тоа донесе неверојатна еуфорија помеѓу навивачите на овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колкава е еуфоријата помеѓу фановите најдобро зборува продажбата на дресовите. За само 12 часа на новата „седмица“ на Роналдо навивачите потрошија 32.5 милиони фунти што е рекорд во Премиер лигата. За споредба за дресот на Меси во ПСЖ се потрошија 40 милиони евра за три дена.

Големи заслуги што Роналдо ќе го носи својот омилен број во Манчестер има Едисон Кавани кој не правеше проблем и веднаш му го отстапи. Меѓутоа и Премиер лигата дозволи Уругваецот да го промени бројот на дресот иако веќе играчите беа регистрирани.

Наредниот викенд во натпреварот со Њукасл се очекува и дебито на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ефектот од Светското првенство: “Само кажете колку барате за него, подготвени сме на сè”

Диоманде е играч којшто неколку екипи веќе долгу време го посакуваат во своите редови. Как…