Дома Фудбал Останато Севиља ќе го тужи Атлетико Мадрид!

Севиља ќе го тужи Атлетико Мадрид!

Атлетико ја активира откупната клаузула за Витоло во иснос од 37.5 милиони евра, но во Севиља велат дека крилниот напаѓач потпиша пордолжување на договорот со што оваа ставка стана неважечка.

Севиља тврди дека со 27-годишниот фудбалер ги договорила сите услови за нова соработка и дека не може едноставно да ги прекрши, па адвокатите на клубот веќе го започнаа спортот во судот.

Клубот од „Висенте Калдерон“ и покрај забраната од ФИФА за регистрирање на играчи го доведе Витоло, но го испрати на позајмица во матичниот Лас Палмас до следниот јануари, кога ќе им истече казната.

Витоло четири години помина во Андалузија, уште од заминувањето од Лас Палмас, и за тоа време освои три титули во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Педро Родригез ја заврши кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Педро Родригез објави дека се повлекува од професионалниот ф…