Дома Фудбал Себаљос: Се обложувам дека Рамос ќе остане во Реал

Себаљос: Се обложувам дека Рамос ќе остане во Реал

Играчот за врска на Арсенал, Дани Себаљос кој игра како позајмен играч од Реал Мадрид, денес даде интервју за шпанските медиуми.

Во моментов актуелна тема е иднината на Серхио Рамос, кој се уште го нема продолжено договорот со Реал Мадрид и се шпекулира со негово заминување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, Себаљос верува дека Рамос ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да се обложи.

„Разговарав денес со Рамос преку телефон, но нема да ве лажам и ќе ви кажам дека не зборувавме за неговиот нов договор. Сепак, јас сметам дека негова цел е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Ако треба да типувам и да се обложам, сметам дека ќе биде дел од Реал и наредната година“, изјави Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …