Дома Топ вести Светот се бори со пандемија, во Германија официјално потврдија трансфер!

Светот се бори со пандемија, во Германија официјално потврдија трансфер!

Баер Леверкузен го привлече голманот на Кајзерслаутерн Ленарт Грил, соопштија „фармацевтите“ на нивната официјална веб страница.

21-годишниот Грил, кој е младински репрезентативец на Германија, потпиша договор Баер Леверкузен до летото 2024 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Износот на трансферот не е објавен, но интересно е дека трансферот е потврден во време на пандемија кога фудбалот е стопиран во Германија и цела Европа.

„Ова е долгорочен трансфер. Ленарт има многу потенцијал за развој и ние сме среќни што успеавме да го убедиме да не избере нас“, објасни Сајмон Ролфес, спортскиот директор на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…