Дома Фудбал Англија Сари ќе се обиде да го спречи „распаѓањето“ на Челзи

Сари ќе се обиде да го спречи „распаѓањето“ на Челзи

Новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари е исправен пред исклучително тешка задача уште на самиот срат на својата авантура на „Стенфорд Бриџ“.

Во следните денови Италијанецот ќе има разговори со четворица од најдобрите фудбалери за кои се говори дека се спремни да го напуштат тимот ова лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа се Еден Азар, Тибо Куртоа, Нголо Канте и Вилијан. Првите двајца според информациите се пред трансфер во Реал Мадрид, додека Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед се интересираат за останатите двајца фудбалери.

Сари ќе се обиде да ги убеди да останат на „Стенфорд Бриџ“, а клубот ќе им предложи и нови договори со подобри финансиски услови.

Во исто време Италијанецот работи и на трансферите, па после Жоржињо следни кои ќе го засилат тимот треба да бидет Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Валенсија воодушевени од Димитриевски – го споредија и со лилјак! (Видео)

Валенсија со сигурни 2-0 го совлада градскиот ривал Леванте, а во центарот на вниманието п…