Дома Трансфер зона Сари ја направи листата на желби: Италијанецот сака двајца играчи во Јувентус

Сари ја направи листата на желби: Италијанецот сака двајца играчи во Јувентус

Италијанскиот стратег, Маурицио Сари е избран за нов тренер на Јувентус.

Сари по една сезона одлучи да го напушти Челзи, бидејќи не можеше да ја одбие понудата од „Старата дама“. Овој поранешен тренер на Наполи со Јувентус договори соработка на три години. Меѓутоа, навивачите на Јувентус не се израдуваа со доаѓањето на Сари на клупата на нивниот омилен клуб, бидејќи кога го водеше Наполи имаше неколку испади на сметката на Јуве. Многумина и побараа уште на првиот натпревар во Торино да го дочекаат со свирежи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но, јасно е дека пред Сари е исклучително тешка работа, бидејќи апетитите на Јувентус се секогаш големи. Тоа особено се однесува на Лигата на Шампионите која „Старата дама“ сака конечно да ја освои следната сезона. Исто така, сигурно е дека Сари ќе направи големи промени во играчкиот кадар и наводно побарал неколку нови засилвуања. Италијанските медиуми пренесуваат дека побарал Јуве да доведе двајца играчи, а тоа се Мауро Икарди и Маркињос.

Икарди е на излезни врати од Интер и јасно дека му порачаа дека за него повеќе нема место во овој клуб. Доколку Јуве одлучи да го доведе аргентинскиот напаѓач ќе мора да плати нешто помалку од 100 милиони евра. Што се однесува на Маркињос тој во ПСЖ годишно заработува 10,2 милиони евра што Јуве сигурно нема да плати. Овој Бразилец во ПСЖ пристигна во 2013. година од Рома за 32 милиони евра, а Јувентус се надева дека ќе го доведе за околу 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …