Веќе е извесно дека Вилијан на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи како слободен агент, а многу клубови веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус сереиозно се вклучува во трката за Бразилецот и сака да го донесе во Торино ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус во наредните денови ќе стапи во контакт со неговиот агент со цел да испита какви се финансиските барања на фудбалерот.
Односите помеѓу Вилијан и тренерот на Јувентус, Маурицио Сари се одлични бидејќи двајцата имаа одлична соработка на „Стенфорд Бриџ“.
Токму Сари инсистира да му биде донесен Бразилецот во кого гледа идеална замена за Бернардески, кој е на излезна врата од Јувентус.