Јувентус денеска на свој терен го пречекува Лион во рамките на реванш натпреварот од осминафиналето во ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Старата дама во првиот натпревар беше поразена со 1:0 и сигурно играчите на овој тим денеска ќе бидат под притисок. Од Јувентус се очекува конечно да ја освои ЛШ, но и Лион нема така лесно да се откаже од четвртфинале.
Играчите на Јуве синоќа го одработија последниот тренинг пред денешниот натпревар, а во центарот на вниманието беше Дибала кој има одредени проблеми со повреда и се чини дека денеска нема да заигра од првата минута.
Италијанските медиуми пишуваат дека Дибала ќе остане на клупата, а на негово место во нападот ќе игра Игуаин. Исто така, на изненадување од првата минута може да заигра и Квардадо на местото на Бернадески.
Веројатниот состав на Јувентус: Шчезни, Данило, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Бентакур, Рабио, Пјаниќ, Квардадо, Роналдо, Игуаин.