Дома Фудбал Англија Сари бесен на играчите: Играат како без душа!

Сари бесен на играчите: Играат како без душа!

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари не го криеше разочарувањето после поразот од Арсенал на „Емирати“ со 2:0.

Италијанецот беше лут и ги обвини своите фудбалери дека играат „без душа“ и дека тешко ќе може да ги мотивира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу сум лут затоа што овој пораз ни го руши менталитетот. Тие беа многу порешителни од нас и тоа не можам да го прифатам. Исто како против Тотенхем. Разговаравме и мислев дека го решивме ова. Играчите играа без душа во овој меч. Тешко е да ги мотивирам. Се надевам дека во иднина ќе се подобриме“, истакна Сари.

„Се соочивме со тим кој беше многу помотивиран од нас, и на крајот тоа беше причина да загубиме“ , заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Валенсија воодушевени од Димитриевски – го споредија и со лилјак! (Видео)

Валенсија со сигурни 2-0 го совлада градскиот ривал Леванте, а во центарот на вниманието п…