Завршени се првите 45 минути од фантастичниот меч помеѓу Наполи и Манчестер Сити на стадионот „Сао Паоло“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овие две екипи се состанаа во рамки на групата Ф од ЛШ, а моменталниот резултат е 1:1.
Италијанската екипа поведе во 21. минута откако Инсиње ја круниса одличната акција на својата екипа и погоди за ерупција од воодушевување на трибините на стадионот „Сао Паоло“.
Сепак, во 34. минута пристигна одговорот на Манчестер Сити. Гундоган одлично центрираше, а стоперот на Сити Николас Отаменди погоди за изедначување.