Дома Фудбал Англија Сане откри кој англиски гигант го одбил пред да пристигне во Манчестер Сити

Сане откри кој англиски гигант го одбил пред да пристигне во Манчестер Сити

Сане имал прилика да соработува со Јирген Клоп, но во 2016. година одлучил од Шалке да се пресели во Манчестер Сити, со кого незапирливо оди кон титулата оваа сезона.

„Да, вистина е, разговарав со Ливерпул. Јирген тогаш ме повика, разговараше со мене, но го одбив. Го запознав додека работаше во Борусија, добар човек е и добро работи со Ливерпул“, изјави Сане, па додаде:

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Имав можност да одам кај него и во Борусија, но не сакав. Можам да кажам дека два пати го одбив“.

Лерој Сане игра одлично под водство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и е еден од најдобрите играчи на клубот од „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Страшно: Погледнете како изгледа уништениот автомобил на Манингер по судирот со возот (Вознемирувачко фото)

Поранешниот голман на австриската репрезентација Александар Манингер загина во несреќа со …