Дома Топ вести Сампаоли ја шокира Шпанија со оваа изјава: Сакам да им помогнам на Меси и Барса!

Сампаоли ја шокира Шпанија со оваа изјава: Сакам да им помогнам на Меси и Барса!

Тренерот на Севиља, Жорге Сампаоли е еден од канидатите за наследник на Луис Енрике на кормилото на Барселона, а денес со својата ја изјава ја шокираше фудбалската јавност, особено фановите на Реал Мадрид.

Имено, Сампаоли истакна дека сака да и помогне на Барселона и на неговиот сонародник Лео Меси да стигна до титулата во Примера.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Оваа изјава особено доби на тежина поради фактот што неговата Севиља до крајот треба да одигра натпревар со Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“.

„Сакам јас и мојот тим да славиме на Бернабеу против Реал Мадрид и така да му помогнам на Меси да дојде до титулата“, изјави Сампаоли.

Моментално Реал и Барса имаат по 81 бод, но „кралевите“ имаат натпревар помалку, а следната недела ја дочекуваат Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид не престанува да го обновува својот состав. Летната селекција на „јорганџи…