Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа во Гранада славеа со 2:1 и дојдоа до чекор од титулата.
Кралевите ја запишаа деветата победа во низа, а поради неколкуте киксови на Барса се поизвесно е дека Реал повторно ќе биде првак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Гранада се смета за незгоден противник против кој не е лесно да се освојат бодови, Реал сепак без преголеми проблеми дојде до победата, а головите ги постигнаа Менди и Бензема.
Тимот кој го предводи Зинедин Зидан има четири бода повеќе од Барселона на две кола пред крајот на првенството. Реал до крајот го пречекува Виљареал и гостува кај Леганес, додека Барса после Осасуна ја чека натпревар со Алавес.
На Реал му е доволна само една победа да ја осигура титулата.