Лука Модриќ и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Искусниот играч договори продолжување на соработката со Кралевите и наскоро официјално ќе потпише договор до летото 2022. година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер ги прифати сите услови кои клубот му ги понудил. Тој е еден од ретките кој без преговори прифатил да му биде намалена платата за оваа сезона, а истото го направи и за наредната.
Модриќ прифати многу помал договор од оној кој го има моментално (12 милиони евра годишно). Новиот не е ни блиску до оваа цифра, но го прифати бидејќи сака да одигра уште една сезона во кралскиот клуб.
За разлика од Модриќ, поголем дел од играчите не прифатиле намалување на платите. Клубот сега се обидува со секој посебно да преговара бидејќи како и многу други големи клубови се наоѓаат во финансиска криза.
Лука е член на Кралевите од 2012. година. Освои се што можеше да се освои, а во 371 натпревар постигна 26 погодоци.