Дома Останати Тенис „Сакам да го победам Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен“

„Сакам да го победам Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен“

Се ближат новогодишните и божиќните празници, а данскиот тенисер Холгер Руне веќе има една голема желба за 2024 година.

Руне сака да го совлада моментно првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и тоа на местото каде Србинот има најголеми успеси.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Во 2024 година би сакал да постигнам одлични резултати на бетон. До сега ми оди добро на земја, трева и во салите, време е и за тврда подлога надвор. Затоа мојот избор би бил да го поразам Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен – вели Руне.

Никогаш не криеше колку го почитува српскиот тенисер.

Сè што кажа за мене досега, го прифаќам како голем комплимент. Новак постигна сè за што сонуваме – се зборовите на Данецот.

Ѓоковиќ има најмногу грен слем титули токму на „Австралија опен“, вкупно 10, последната освоена годинава откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас.

До сега Руне најдалеку на грен слем турнирите стигнал до четвртфиналето, по еднаш токму оваа сезона на „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Големо изненадување: Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос!

Според светските обложувалници, Новак Ѓоковиќ во овој момент иако е на врвот на АТП листат…