Дома Останати Кошарка Сакаа да го понижат Дончиќ, па добија жесток одговор

Сакаа да го понижат Дончиќ, па добија жесток одговор

И кога не е целосно фит Лука Дончиќ игра на највисоко ниво и доминира, така беше на последниот натпревар во кој Далас славеше победа против Клиперс со 123:93 и поведе со 3:2 во серијата.

Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени и 10 асистенции, а сега низ социјалните мрежи кружи фотографија од контроверзен транспарент.

Имено, фирмата Скајскенер“ сакајќи да си направи добра реклама ги понижи Дончиќ и Мавс.

На салата во Лос Анџелес каде што се играше натпреварот тие поставија дигитален билборд на кој стоеше: Од Даллас до Какуун, посетете ја нашата страница за одлични зделки.

Следниот натпревар Далас го игра на домашен и со победа ќе стави крај на плеј-оф серијата, па така Клиперс ќе можат да резервираат билети за познатото одморалиште.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…