Дома Трансфер зона Савиќ од Реал Мадрид го делат „само“ 20 милиони евра, Лотито пак му спрема нов договор?!

Савиќ од Реал Мадрид го делат „само“ 20 милиони евра, Лотито пак му спрема нов договор?!

0
savic

Вчера се заврши преодниот рок за англиските клубови, а поголемиот дел од Европа ќе има време до крајот на месецот, со исклучок на Италијанците, кај нив преодниот рок завршува на 18-ти август.

Реал Мадрид во овој момент има проблем со желбата на Лука Модриќ да го напушти клубот, според голем број светски медиуми се чека само состанокот на кој Хрватот ќе му потврди на Перез дека сака трансфер во Интер.

Во Реал Мораат да бидат спремни на исходот каков што не посакуваат. Матео Ковачиќ веќе си замина, па заминувањето на Модриќ би значело дека Перез мора да купува играч за врска.

Тука во овој момент прва мета е Србинот од Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ. „Тутоспорт“ и „Корирере дело Спорт“ тврдат дека „кралевите се во пол-позиција во однос на остантите клубови, иако се уште немаат договор ниту со играчот, ниту со клубот.


Следете го Sportski.mk и на


Лотито за својот најдобар фудбалер бара најмалку 120 милиони евра, додека Перез нуди „стотка“.

Од друга страна пак наводно Лотито му спремил нов договор на Сергеј со поголема плата, но клазула за напуштање на клубот во износ од 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

Иако во текот на денот се појави вест дека Барселона после погодокот во Суперпкупот против…