Дома Фудбал Англија Руни донесе одлука добра и за него и за Евертон

Руни донесе одлука добра и за него и за Евертон

Повлекувањето на Вејн Руни од репрезентацијата на Англија е најдобар избор и за самиот играч и за Евертон, истакна тренерот Роналд Куман.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Евертон и долгогодишен член на националниот тим на Англија, Вејн Руни објави вчера дека и става крај на репрезентативната кариера.

„Руни разговараше со селекторот и донесе одлука за која мисли дека е најдобра за Евертон. Тоа на крајот секогаш е одлука на играчот и јас тоа го почитувам“, истакна Куман за британските медиуми.

Куман, кој за репрезентацијата на Холандија одигра 78 натпревари, наведе дека не го советувал Руни околу повлекувањето од националниот тим.

„Ако стигнете до групната фаза од ЛЕ и имате репрезентативни натпревари… Тогаш тоа е тежок распоред. Мислам дека одлуката е добра и за клубот и за него, па коа ќе дојде период за репрезентативна пауза тој своето време ќе го мине со своето семејство“, истакна Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатна е листата на отпишани играчи на Реал Мадрид: Шестмина веќе ги спакуваа куферите!

Реал Мадрид веќе втора сезона по ред останува без трофеј. Тоа е огромен удар за кралскиот …