Рафаел Надал издоминира во финалето против Каспер Руд и со 3:0 во сетови 6:3, 6:3 и 6:0 стигна до 22. гренслем титула во кариерата. Така сега има две повеќе од Ѓоковиќ и Федерер.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Патот на Руд до финалето во Париз беше сензационален, меѓутоа денес Надал уште на почетокот најави во каква насока ќе оди натпреварот. Шпанскиот тенисер направи брејк за 2:0, Норвежанецот намали на 1:2, а повторно Надал му го одзема сервисот и без проблеми го освои сетот со 6:3.




Во вториот сет Руд прикажа нешто подобра игра и имаше водство од 3:1, сепак тој период од добра игра беше се од него на овој меч. Надал освои три гема во низа и повторно го доби сетот со 6:3. Третиот сет беше само потврда на Надал за добриот настап.