Антонио Рудугер е блиску до напуштање на Челзи бидејќи не е во плановите на тренерот Френк Лампард.
Лампард го изостави дефанзивецот за натпреварот со Барнсли, а претходно не го повика и за дербито со Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е тоа што Рудигер беше оној кој излегуваше во медиумите со изјави како му помогнал на клубот да ги ангажира Каи Хаверц и Тимо Вернер кои се негови сонародници и кои ова лето пристигнаа на „Стемфорд Бриџ“.
Медиумите тврдат дека Германецот сигурно ќе го напушти Челзи, а најсилен интерес за него покажува Пари Сент Жермен, кој е во потрага по квалитетен стопер.