Една од најжешките теми на лето ќе биде сигурно иднината на Антонио Рудигер, на кого му завршува договорот со Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германскиот дефанзивец има договор со Челзи до крајот на сезоната, а од клубот потврдија дека на лето ќе замине како слободен агент.
Ваквата ситуација предизвика огромен интерес од многу европски гиганти за неговиот потпис. Рудигер постави конкретни услови и им ги соопштил на заинтересиранте клубови.
Рудигер бара беделна плата од 115.000 фунти, како и бонус од 20 милиони евра при потпис на договорот.
Интерес за Рудигер покажуваат Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, па останува да видиме кој клуб е спремен да ги исполни неговите барања.
Toni #Rudiger can leave #Chelsea as a free agent in summer: he asks a 4-years contract with a salary by €12,5M/year and €20M at signing as bonuses. #transfers #CFC
— Nicolò Schira (@NicoSchira) April 10, 2022