Возачот на Јамаха, Валентино Роси ќе стартува од пол позицијата на трката за големата награда на Италија, а после квалификациите легендарниот возач истакна дека е малку изненаден со овој подвиг.
Роси на Муџела најбрзиот круг го извозе за 1:46.203, што е најдобро време во историјата на стазата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чуството е посебно, имаше многу емоции. Посебно тој круг после обезбедувањето на пол позицијата, кога мораше да ја поздравам публиката. Беше фантастично.“ – рече Роси.
За 39. годишниот италијанец ова е прва пол позиција оваа сезона, а вкупно 65. во кариерата.
„Мислам дека ова е голем резултат, по малку изненадувачки, бидејќи цела сезона се мачам во квалификациите. Сега кругот беше одличен и доволен за пол позиција после подолго време. Тоа за мене е многу важно и чуството е посебно. Во неделата ме очекува тешка трка.“ – додаде Италијанецот.
Трката за големата награта на Италија е на програмата во недела од 14 часот.
До тогаш, погледнете како изгледаше историскиот круг на легендарниот Роси.