Доаѓањето на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник може сериозно да ја промени улогата на Кристиано Роналдо во тимот, пренесуваат медиумите на Островот.
Промените се логични од гледна точка дека Рангник не сака фудбалери кои не трчаат многу и не се залагаат за тимот. Карик го остави Роналдо на клупа во дербито со Челзи, а според многумина тоа било одлука токму на Рангник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рангник сака млади и енергични изјави, но сепак не сака да се откаже од Кристиано Роналдо. Португалецот ќе мора да се привикне на новиот стил на игра и да се бори за тимот и најверојатно ќе биде користен како централен, а не како крилен напаѓач.