Дома Топ вести Роналдо и на 36 години ги поместува границите на нормалното🎥

Роналдо и на 36 години ги поместува границите на нормалното🎥

Португалија вчера беше поразена од Германија (4:2), но Кристиано Роналдо постигна гол и имаше неверојатна статистика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 15-та минута по фуриозна контра Роналдо го совлада Мануел Ноер за водство на Португалците, но веќе на полувреме неговата репрезентација имаше негативен резултат.

Голот на Роналдо беше навистина импресивен, а деталните анализи покажаа дека 36-годишниот Португалец повторно ги поместил границите на нормалното.

Роналдо успеа да претрча 92 метри за 14,2 секунди што делува навистина неверојатно бидејќи во еден момент на теренот ја намали брзината.

Максималната брзина која ја оствари беше 32 км/ч, па од него бил побрз само Усеин Болт на трка од 100 метри, кога имаше максимална брзина од 37,85 км/ч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…