Дома Фудбал Роналдо испрати порака од болницата

Роналдо испрати порака од болницата

Кристијано Роналдо беше известен дека неговата мајка Долорес доживеала мозочен удар, а од клубот очекувано, му дадоа дозвола да отпатува во Португалија за да биде со неа.

Медиумите пишуваат дека на мајката на Роналдо е направена хируршка интервенција за чистење на артериите. Истата поминала добро и за среќа е надвор од животна опасност, а не се чекаше долго во јавноста да се обрати Роналдо.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Ви благодарам на пораките за поддршка. Мајка ми е стабилна и се опоравува. Јас и моето семејство му се заблагодаруваме на медицинскиот тим и ве молам за малку приватност.“ – напиша Роналдо на Инстаграм профилот.

Повеќе пати во текот на својата кариера Роналдо истакнува голема важност за мајка му, која цел живот се борела, работела неколку работи, за него, неговиот брат и двете сестри им овозможи елементарни услови за живот.

Од Јувенус се уште не соопштиле колку точно Роналдо ќе биде отсутен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…