Дома Фудбал Репрезентации Роналдо за повредата: Ова е фудбал се случуваат такви работи

Роналдо за повредата: Ова е фудбал се случуваат такви работи

Кристиано Роналдо во вчерашниот натпревар од квалификациите за Европското првенство помеѓу Португалија и Србија се повреди во 30-тата минута од натпреварот и мораше да биде заменет.

Најдобриот играч на Португалија и капитен на таа земја мораше еден час од клупата да го гледа натпреварот против Србија, а на крајот не можеше да биде премногу среќен затоа што неговата селекција освои само бод (1:1).

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во јавноста веднаш се појавија гласини за тоа колку време би можел да отсуствува, а навивачите на Јувентус стравуваа дека би можел да го пропушти двомечот со Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Меѓутоа со изјавата псоле натпреварот Роналдо ги израдува и порача дека би требало да биде спремен за две недели.

„Не сум загрижен, ниту исплашен за повредата. Ова е фудбал и се случуваат такви работи. Јас добро го познавам моето тело и верувам дека за две недели ќе биде целосно опоравен“, изјави Роналдо во микс зоната.

Интересно е што Роналдо не сакаше да зборува за српските медиуми кои само ги одмина, а изјавата ја даде само за португалските.

Роналдо веќе денес би требало да се врати во Торино со оглед на тоа дека репрезентативните обврски за квалификациите за ЕП завршуваат и со рехабилитацијата се очекува да продолжи во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…