Дома Фудбал Останато Роналдињо го избра најдобриот тренер со кој работел

Роналдињо го избра најдобриот тренер со кој работел

ronaldinho

Бразилецот Роналдињо важи за вистински волшебник на оваа игра. На денешен ден во 2001 година тој потпиша договор со ПСЖ, а по тој повод откри кој е најдобриот тренер со кој работел.

Легендата на бразилскиот фудбал нема дилеми, за него тоа е Франк Рајкард.

„Тој е одличен тренер, многу мирен човек. Франк Рајкард е најдобриот тренер со кој сум работел. Знаеше се, бидејќи играше на највисоко ниво, а тоа многу ни ги олеснуваше работите. Се што Рајкард бараше од нас, тој претходно го правеше на теренот, па лесно ни објаснуваше што очекува од нас“, изјави Бразилецот.

Легендарниот напаѓач кај холандскиот стратег имаше максимална слобода на теренот.

„Кога топката не беше во нас моравме да ги исполнуваме обврските, но кога беше во мој посед, Франк ми дозволи да имам апсолутна слобода“, изјави Роналдињо кој со Рајкард соработуваше од 2003 до 2008 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…