Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома и Јувентус започнале преговори за трампа на двајцата леви бекови.
Реномираниот новинар на „Скај Италија“, Џанлука ди Марцио открива дека двата клуба работат на размена, така што Леонардо Спинацола ќе заврши во Рома, а Лука Пелегрини во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот Пелегрини важи за еден од најталентираните леви бекови во Италија и одигра одлично на Европското првенство за млади.
Спинацола е проценет на 25 милиони евра, додека вредноста на Пелегрини изнесува 15 милиони, па Јувентус ќе добие додатни 10 милиони како надоместок.
На состанокот се зборувало и за евентуален трансфер на Гонзало Игуаин на „Олимпико“, но тоа ќе зависи од аргентинскиот напаѓач, кој во моментов одбива трансфер во Рома.
? I dettagli#SkyCalciomercatohttps://t.co/10tccCKtvI
— Sky Sport (@SkySport) June 28, 2019