Дома Трансфер зона Рома во Лондон ја пронајде замената за Манолас

Рома во Лондон ја пронајде замената за Манолас

0

Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервајлед е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Рома покажува сериозен интерес за 30-годишниот Белгиец и во него гледа идеална замена за Костас Манолас.

„Волчицата“ започна преговори и за Марк Бартра од Бетис, но тренерот Фонсека сака да направи тандем Бартра – Алдервајлед.

Белгиецот има откупна клаузула од 25 милиони фунти, која Рома е спремна да ја плати, па треба да постигне договор со фудбалерот.

Прашање е дали Алдервајлед ќе се согласи да игра во тимот кој нема да настапува во Лигата на шампиони и дали воопшто сака да ја напушти Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Елмас на мета на три европски гиганти!?

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас ова лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи,…