
Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓
Шпанецот Рафаел Надал подолго време има проблеми со повредите, а сега за неговата здравствена состојба зборуваше и Александар Зверев.




Според Германецот Надал наскоро ќе се повлече од тенисот и според него тоа би можел да го направи веќе после Ролан Гарос.




„Надал по Ролан Гарос ќе оди во пензија. Искрено јас тоа не го посакувам, но мислам дека тоа ќе биде неговиот последен турнир во кариерата, можеби и ќе го освои“, изјави Зверев.




Во кариерата Надал зад себе има освоено 22 гренслем титули, една повеќе од Новак Ѓоковиќ.



