Дома Фудбал Родриго можеше да постави уникатен рекорд, но Рамос не му дозволи

Родриго можеше да постави уникатен рекорд, но Рамос не му дозволи

Младиот Родриго Гоеш е апсолутен хит откако постигна два гола за Реал Мадрид на мечот против Галатасарај.

Со 18 години и 301 ден Родриго стана најмладиот бразилски фудбалер кој постигнал гол во историјата на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Родриго двата гола ги постигна за само три минути и имаше шанса да постави историски рекорд во најелитното натпреварување, односно да стане најбрз стрелец на три гола во историјата на Лигата на шампионите.

Имено, во 14-та минута беше досуден пенал за Реал Мадрид, но Серхио Рамос не му дозволи на Родриго да го шутира и да стане апсолутен рекордер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…