Дома Трансфер зона Робин Ван Перси се враќа во својот омилен клуб?

Робин Ван Перси се враќа во својот омилен клуб?

На Холанѓанецот не му се допаѓа премногу престојот во Турција, па сега е на чекор од враќање во неговиот омилен клуб.

Холандскиот ветеран не е во плановите на турскиот гиант, па поради тоа има намера да ја промени средината, а во овој момент како идеална дестинација изгледа клубот каде што ја започна кариерата.

Ван Перси Фејенорд го напушти пред 13 години кога премина во редовите на Арсенал.

Ова враќање на Ван Перси би можело да биде слично со она на Дирк Кајт кој пред две години се врати во Фејенорд и освои титулата со холандскиот клуб клуб, што за Фејенорд беше прва после 1999 година.

Сега, Ван Перси би требало да ја наследи капитенската лента од Дирк Кајт и да го предводи Фејенорд во Лигата на шампионите после толку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус почна преговори со Миленковиќ

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ одигра уште една од…