Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ришарлисон ќе се шиша како Роналдо во 2002 ако Бразил стане светски шампион

Ришарлисон ќе се шиша како Роналдо во 2002 ако Бразил стане светски шампион

Бразил вчера одигра одличен натпревар и со победата од 4:1 против Јужна Кореја се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство против Хрватска.

Франција и Бразил се веројатно репрезентациите кои најмногу покажаа досега на Мундијалот, па „Кариоките“ сосема оправдано се сметаат за едни од најголемите фаворити. Во овој период одлична атмосфера владее во бразилската репрезентација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„До крајот имаме уште три натпревари. Ришарлисон треба да не научи на „танцот на гулабот“. Видов дека дури го научил и Тите.

Ришарлисон имаше средба со Роналдо на која ветил дека ќе ја направи легендарната фризура на Роналдо од 2002 година ако Бразил стане светски шампион.

„Да, сигурно ќе ја направам неговата фризура. По освојувањето на шестата титула…Да не им дадеме одмор на хејтерите“, изјави фудбалерот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…