Дома Фудбал Репрезентации Рисе: Сакам да го видам Халанд во Ливерпул

Рисе: Сакам да го видам Халанд во Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џон Арне Рисе би сакал да го види Ерлинг Халанд на „Енфилд“, верува дека добро би се вклопил во тимот на Клоп.

За норвешкиот фудбалер заинтересирани се најголемите врсопски клубови и скоро извесно е дека 21 годишникот ќе ја напушти Борусија следното лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секако дека би сакал да го видам во Ливерпул, тој е неверојатен играч. Во одлична форма е и мислам дека би се вклопил во стилот на игра на Клоп. Верувам дека Ливерпул како клуб би му се допаднал. Сепак, тука е Сити и тие го сакаат. Ако зборуваме за непобедливи тимови тие ќе бидат блиску до такво нешто ако го доведат“, изјави Рисе.

Извршниот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке е свесен дека тешко ќе го задржи Халанд, иако клубот секако ќе вложи напори да го убедат да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…